ИЛАРИОНОВ, Николај Александрович

ИЛАРИОНОВ, Николај Александрович (1844 – ?) – руски конзул во Солун. Од 1860 г. на конзулска служба на Балканот (Сараево, Мостар, Скадар), потоа во Солун (1874), Ерусалим и Одрин, како генерален конзул во Смирна и одново во Солун (1894), каде што на 19. Ⅳ 1892 г. (поради болест) е пензиониран. Бл. Р.