ИКОНОМОВА, Фанка

ИКОНОМОВА, Фанка (Велико Трново, Бугарија, 6. Ⅴ 1920) – оперска певица, сопран. Дипломирала на Софиската музичка академија (1944). Солист во Операта на МНТ (1948-1975). Дебитирала (1948) со улогата на Неда во операта Палјачи. Остварила повеќе од 30 улоги од кои позначајни се: Блонда (Грабнување од сарајот), Мизета (Боеми), Елизета (Таен брак), Марцелина (Фиделио), Ѓула (Еро од оној свет), Мица (Аналфабет), Џулиета (Хофманови приказни). Гостувала со ансамблите на Операта на МНТ во поголемите музички центри на поранешна Југославија и во Романија. Непринуденоста и сценичноста во играта се карактеристични за нејзините креации. Ф. М.