ИГЊАТОВСКИ, Александар Јосифович

ИГЊАТОВСКИ, Александар Јосифович (Смоленска област, Русија, 18. Ⅲ 1875 – Скопје, 18. Ⅶ 1955) – интернист, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основач и прв директор на Клиниката и шеф на Катедрата за интерна медицина. Долгогодишен професор по Интерна медицина на Мед. ф. во Белград. Во Скопје доаѓа, по покана, во 1948 г. Во еден период бил директор и на Инфективната клиника. Своето богато искуство и знаење проф. Игњатовски го пренесува на Мед. ф. во Скопје. Неговите истражувања се од областа на инфективните болести и Александар Јосифович Игњатовски имунобиологијата. Познати се неговите експериментални трудови за патогенезата на артериосклерозата во врска со холестеролот (депонирање на липоидни супстанци). Автор на тритомното издание за интерна медицина – пропедевтика, што е и прво издание во Република Македонијаод подрачјето на интерната медицина. Бр. Н. Народна игра