ИВАНОВСКИ, Методија

ИВАНОВСКИ, Методија (Менде) (Битола, 14. Ⅴ 1929 – Скопје, 1. Ⅰ 1995) – сликар и сценограф. Ги завршил Художествената школа и Педагошката академија во Скопје и студирал на Ликовната академија во Загреб. Работел како наставник во родниот град. Бил член на ДЛУМ (1952) и негов претседател (1988–1989), член на ДЛУПУМ, еден од основачите на групата „ВДИСТ” (1955) и на Уметничката галерија во Битола. Се занимавал со театарска, телевизиска и филмска сценографија (од 1967). Имал студиски престои во Братислава, Париз, Прага, Рим и Њујорк. Реализирал дваесетина самостојни ликовни изложби (Битола, Скопје, Загреб и Њујорк) и учествувал на голем број групни изложби. Во неговото творештво нашле одраз традицијата, фолклорот, ранохристијанската и византиската архитектура и уметност. ЛИТ.: Борис Петковски, Современо македонско сликарство, Скопје, 1981, 43 и 77; З. Л., Методија Ивановски-Менде, Ин мемориам, „Вечер”, ЏЏЏИИИ, 9760, Скопје, 5. Ⅰ 1995, 11. С. Мл. ИВАНОВСКИ, Мише Ефтимов