ЗЛАТАНОВ-ГРАДОБОРСКИ, Димитар

ЗЛАТАНОВ-ГРАДОБОРСКИ, Димитар (Градоборчето; Димитрија Вулгараки) (с. Градобор, Солунско, почеток на ⅩⅠⅩ в., најдоцна ок. 1840 – 1860) – свештеник, музички деец (композитор) и црковен пејач (тенор). Се здобил со образование на грчки наставен јазик, а потоа бил музички деец на Рилската пејачка школа. Во Солун го положил испитот и станал главен пејач на Катедралната црква, прославувајќи се како прочуен пејач во Македонија и во Мала Азија под името „Димитрото Вулгараки”. Автор е на црковни песнопенија, подоцна преведени на народен јазик од неговите ученици, од кои се идентификувани само две: „Велико славословие” и „Достојно ест”. ИЗВ.: Васил Иванов Бојаџиев, Псалтикиен воскресник, фотокопија на ракопис во НУБ „Св. Климент Охридски> Скопје; Калистрат Зографски, Зборник по восточно пение, Света Гора, 1905. ЛИТ.: П. Динев, Музикални материали од възрожденската епоха, „Българска музика”, Но 9, София, 1962, 34; Петар Динев, Димитар Златанов-Димитрие Вулгараки-Градоборчето, „Българска музика”, Но 3, София, 1963; Л. Витанова, Г. Гайтанджиев, Музикалното въспитание в българското училице, София, 1975, 35; Драгослав Ортаков, Димитар Златанов-Градоборски, Музиката на почвата на Македонија, Макропроект „Историја на културата на Македонија”, кн. 7, дел И-Ⅱ, МАНУ, Скопје, 1999, 145-147. С. Мл. Мито Златаноски