ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ

ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ – група растенија од фам. Брассицацеае, со голем полиморфизам и со широк ареал на распространетост. Сите зелкови култури според потеклото се поделени во три групи: средоземна (медитеранеа), европска Афродита од Вардарски Рид (ИV в. пр.н.е.) зелка карфиол брокола алабаш кељ (еуропеа) и азиска (ориенталис). Во исхраната се користат главиците (зелка, кељ, кељ-пупчар), неразвиените соцветија (карфиол, бро-кола), стеблото (алабаш), листовите или растреситите главици (кинеска зелка, пекиншка зелка). Се консумираат во свежа состојба за салата, готвени, конзервирани (кисели), маринирани и сушени (дехидрирани). Се одликуваат со ниска енергетска вредност од 1.300 Ј (главеста зелка) до 3.000 Ј (кељ). Богати се со минерални материи, витамин С, шеќери и есенцијални аминокиселини. Во светот зелковите култури се одгледуваат на околу 2.500.000 ха, кај нас на 4.500 ха, најмногу зелка, карфиол, кељ и алабаш. Зелковите култури се релативно толерантни на ниски температура. Никнуо ваат на 2-3 С, оптималната темо пература за никнење е 18–20 С, а за формирање на вегетативната о маса (главици и сл.) 16–18 С. Зелка (Брассица олерацеае вар. цапитата) – во наши услови се одгледува за рано (на отворено и во заштитени простори), доцно (есенско, на отворено) и зимско производство во топлите подрачја. Се одгледува со расад стар 30-50 дена, зависно од времето на производство. Карфиол (Брассица олерацеа вар. ботрѕтис) – кај нас релативно нова култура. Се одгледува заради неразвиените збиени цветни гранки, кои сочинуваат главица. Се одгледува слично како зелката. Брокола (Брассица олерацеае вар. италица) – понова култура кај нас, која брзо се шири во производството. Се одгледува на отворено и во заштитени простори. Се консумира само во готвена состојба. Алабаш (Брассица олерацеае вар. гонгѕлодес) – се одгледува заради надебеленото надземно стебло, се консумира готвено, поретко во свежа состојба. Се одгледува за рано, средно и доцно производство, со расадување. Кељ и кељ-пупчар – помалку застапени зелкови култури во производството. Тие се доста толерантни на ниски температури. На ограничени површини се одгледуваат уште и кинеска зелка, лисната зелка и др. од родот Брас