ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УСТАВНО ПРАВО НА СРМ/РМ

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УСТАВНО ПРАВО НА СРМ/РМ -. самостојна и доброволна организација на правниците, чии основни цели се унапредување на научната, наставната и издавачката дејност во областа на уставното право и усовршување на уставниот поредок на СРМ/РМ. Формирано е на Правниот факултет во Скопје (1982), како составен дел на Здружението за уставно право на СФРЈ. Од 1995 г. Здружението е член на Меѓународното здружение за уставно право, примено на Ⅳ конгрес одржан во Токио (29. Ⅵ – 2. Ⅶ 1995). Прв негов претседател е проф. Евгени Димитров (1982-1986). Членовите на Здружението учествуваа со реферати во работата на конгресите на Меѓународното здружение за уставно право одржани во: Белград (1983), Париз (1987), Токио (1995), Ротердам (1999) и Атина (2007). ЛИТ.: Пет години од Уставот на Република Македонија, Скопје, 1998. Св. ш.