ЗАШТИТА НА ВОДНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

ЗАШТИТА НА ВОДНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ. Во Македонија природните езера се под силен антропоген притисок поради што се отворени процеси на еутрофизација на езерските води со зголемување на количините на хранливите материи во нив. И покрај преземените мерки за нивна заштита, овие процеси сè уште не се запрени. Водите на Охриското Езеро се збогатуваат со фосфор, кој често ја надминува границата на олиготрофните води. Водите на Преспанското Езеро во летниот период често минуваат од мезотрофни во еутрофни води, бидејќи содржината на фосфорот достигнува 3 130 мг/м вода. Заради опасноста од полнењето на езерските води со фосфор, донесена е забрана за користење фосфатни детергенти во Македонија. Љ. Гр.