ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – основен закон што ги регулира сите односи во земјоделското производство и за кој мнозина сметаат дека е устав во областа на земјоделството е Законот за земјоделството и руралниот развој. Овој законски акт е во владина процедура и се очекува да биде донесен во текот на 2007 г. Други поважни закони во областа на земјоделскиот сектор: Закон за вршење на земјоделска дејност (2002), Закон за земјоделско земјиште (2004), Закон за води (1998), Закон за пасишта (2000), Закон за тутун (2006), Закон за вино (2004), Закон за заштита на растенија (2000), Закон за ветеринарно здравство (1998), Закон за сточарство (1997), Закон за органско земјоделско производство (2004), Закон за идентификација и регистрација на животни (2004), Закон за земјоделска инспекција (2004) итн. Др. Ѓош.