ЖУТА, Беќир

ЖУТА, Беќир (Велешта, Струшко, 22. IX 1935 – Скопје, 2005) – економист и политичар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1962) и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија”. Бил на разни раководни функции во Општината Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1967–1969), помошник на секретарот за урбанизам (1970-1975), судија на Уставниот суд на СРМ (1975–1983), вицегувернер на Народната банка на Македонија (1986–1992) и потпретседател на Владата на Република Македонија(20. Ⅲ 1991 – 4. IX 1992 и 4. IX 1992 ПДП и ПДП-НДП. БИБ.: Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија, Поглед кон западните падини на Жупа Скопје, 1984. С. Мл.