ЖЕЛИНО

ЖЕЛИНО – село во Тетовско. Се наоѓа во северното подножје на планината Сува Гора, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4 кој го поврзува на запад со Тетово, а на исток со Скопје. Тоа е населено со Албанци, чиј број изнесува 4.110 ж. Желино е седиште на општина што зафаќа површина од 20.104 ха, има 18 населени места со 24.390 ж. Постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.