ЕНДЕМИЧНА МИКРОФЛОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЕНДЕМИЧНА МИКРОФЛОРА НА МАКЕДОНИЈА. Се наведуваат вкупно 135 ендемични таксони што претставува 8,5 % од вкупниот број алги. Најголемиот дел од ендемичните таксони отпаѓа на дијатомеите (85), додека другите алгални групи, каде што се среќаваат ендемични таксони, се Цхаропхѕта (7), Цхлоропхѕта (16), Цѕанопхѕта (23), Пѕрропхѕта (1) и Цхрѕсопхѕта (2). Центри на ендемичност претставуваат Охридското и Преспанското Езеро, каде што покрај ендемичните таксони се јавуваат и поголем број реликтни таксони (Гомпхонеис транссилваница, Навицула туррис, Навицула хаста, Плацонеис охридана, Анеумастус псеудапицулатус, Навицула преспненсис). И двете езера се карактеризираат со специфични ендемични видови комплекси застапени одделно во двете езера (на пр.: Диатома денсицостата/ангустицостата/оцхридана, Анеумастус јурилјии/рхомбицус псеудапицулатус/субапицулатус). Континуираните промени во разбирањето на систематиката на алгите и недоволното познавање на микрофлората на Македонија, најверојатно ќе влијаат на овие податоци во иднина. Св. К.