ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА – доселени Евреи што по разни основи доаѓале уште во Римската Империја. Тука се настанувале и формирале свои општини, а се нарекувале Романиоти. Зборувале на грчки јазик. Такви општини имало во Тесалоника (Солун), Стоби (2 синагоги, од Ⅱ и Ⅳ век), во Лихнидос (Охрид), Хераклеја Линкестис (Битола), во Астибо (Штип) и др. Во средниот век од средноевропските земји пристигнале групи Евреи–Ашкенази, кои формирале свои еврејски општини и зборувале јидиш. Најголема ашкенаска општина била формирана во Солун. По прогонот на Евреите од шпанија и од Португалија (1492) на територијата на Отоманската империја се населиле големи групи Евреи наречени Сефарди, кои зборувале еврејскошпански, односно ладино. Се населувале во градовите во кои претходно веќе постоеле романиотски заедници. Со културната надмоќ, Сефардите за кратко време успеале да станат доминантни. Се интегрирале во системот и си обезбедиле спокоен опстанок на заедниците до пред Втората светска војна кога започнал нов прогон со ескалацијата на антисемитизмот. Македонските Евреи биле депортирани (11 март 1943) во логорот Треблинка, каде што 98% од нив биле уништени. Евреи во одредот „Даме Груев” (1943) Евреи во НОБ (1942–1944). Од членовите на СКОЈ биле уапсени (1942) и осудени на робија шами Мориц, Мориц Романо, Виктор Пардо, Аврам Анаф и Ели Фара-џи. Борци во НОПО „Дамјан Груев” биле од самото формирање: Виктор Мешулам-Бустрик, Јосеф Песо (Пепо), Мордо Тодолано (Спиро). Во одредот „Јане Сандански” биле борци (1942): Бено Русо (Коки), Мордехај Нахмијас (Лазо), Нисим Алба (Мики), Арон Ароести. Борци во единиците на НОВ (од март 1943) биле: Естреја Овадија (Мара), посмртно прогласена за народен херој, Жамила Колономос (Цвета), Адела Фараџи (Ката), Естреја Леви (Лена), Роза Камхи, Самуел Садикарио (Мо), Сами Садикарио, Алберт Касорла (Берто), Алберт Русо (Кате). ЛИТ.: Александар Матковски, Трагедијата на Евреите од Македонија, „Гласник на ИНИ”, 1, Скопје, 1958; Ѓорѓи Ц. Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993. Ј. Нам. Новата синагога Бет Јаков во Скопје ЕВРЕЈСКИ ИНТИМЕН КЛУБ