ДОБРОХОТОВ, Александар

ДОБРОХОТОВ, Александар (Вилно, 19. Ⅲ 1909 – Скопје, 9. Ⅶ 1983) – балетски играч, педагог, кореограф. Балетското образование го стекнува на Театарската артистичка балетска школа во Бел-град. Станува член на Балетот при Народното позориште во Белград (1928). Првенец е со изразена музикалност и силен темперамент. Доаѓа во Скопје како шеф на Балетот, педагог и кореограф при МНТ (1952). Директор е на Балетското училиште во Скопје (1956–1962). Д. дава мошне значаен придонес во создавањето нови балетски кадри и во развојот на балетската уметност во Македонија. КОРЕОГРАФИИ: „шехерезада” (Н. Р. Корсаков), „Покана за танц” (К. М. Вебер), „Лабин и Дојрана” (Т. Прокопиев). Ем. Ⅹ.