ДОБРИ ДОЛ

ДОБРИ ДОЛ – село во Гостиварско. Се наоѓа во Горни Полог, на преминот на шар Планина во Горнополошката Рамнина. Тоа се простира од двете страни на стариот пат ТетовоГостивар, на надморска висина од околу 580 м. Добри Дол е едно од најголемите села во Полошката Котлина. Населено е со Албанци, а нивниот број е во постојан пораст. Во средината на минатиот век, поточно во 1953 г., во него живееле 2.322 ж., а во 2002 г. тој број се наголемил на 5.223 ж. Главно занимање на населението е одгледувањето житни и градинарски култури. Во селото има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.