ДИМИТРОВСКИ-ДАНДАРО, Киро

ДИМИТРОВСКИ-ДАНДАРО, Киро (Битола, 5. Ⅴ 1912 – во атарот на с. Поткамен, кај Чајниче, БиХ, 1. Ⅴ 1942) – графичар, комунистички деец и првоборец. Бил активист на УРС-овите синдикати, член и секретар на МК на КПЈ во Битола (1939). Ја основал прва-Киро Димитровски-Дандаро та партиска техника на МК на КПЈ во Битола (1940). Поради таа активност бил уапсен (5/6. IX 1940) и осуден (13. Ⅻ 1940), бранител му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел (21/22. Ⅷ 1941) и станал борец на Фрушкогорскиот НОПО од неговото формирање (9. IX 1941). Работел како типограф во печатницата на в. „Борба“ во слободното Ужице (октомври 1941). Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до с. Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОПО. Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората НО пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По Ослободувањето неговите посмртни останки биле пренесени во Битола (18. Ⅴ 1948). Неговото име како патрон го носи тогаш основаната битолска печатница. ЛИТ.: Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942. (Материјали од симпозиумот одржан на 11, 12 и 13 април 1977 година), кн. прва, Битола, 1978; Максим Стојановски, Киро Димитровски-Дандаро, Битола, 1989. С. Мл.