ДЕСЕТОК

ДЕСЕТОК – шеријатска давачка во висина од една десетина од земјоделското производство што рајата во Османлиската Империја ја давала на феудалниот господар. Висината понекогаш изнесувала и една осмина или седмина од производството. Со развојот на стоковно-паричните односи бил собиран во пари. ЛИТ.: Евлија Целеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ, Сарајево, 1967. Др. Ѓ.