ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско

ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско – хероон од римско време, во долината на р. Бошава, 17 км јужно од Неготино. На темето од благо возвишение бил подигнат репрезентативен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеум. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и Македонски даб 4 плочи со плитко вдлабени правоаголни полиња, на кои во релјеф се претставени ара, стилизиран делфин и портрети на жена и маж, веројатно покојниците на кои им бил посветен хероонот. Откриени се и 4 фрагменти од статуи од бел мермер. Храмот бил оддалечен 500 м јужно од античката населба на локалитетот Ридот, над јужната периферија на с. Барово. ЛИТ.: В. Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, И, Скопје, 2001, 318–337. В. Л.