ГУЧЕВ, Зоран Спасков

ГУЧЕВ, Зоран Спасков (Скопје, 7. IX 1955) – педијатар-ендокринолог и генетичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина и филозофија во Скопје. Бил продекан на Мед. ф. и директор на Клиниката за детски болести. Тој е главен и одговорен уредник на МСМ, носител на повеќе проекти (Темпус-Пхаре) и организатор на балкански конгреси (ЕСЕ-ПГЕ) во РМ. Автор е на бројни научни и стручни трудови публикувани во земјава и во странство. Бр. Н.