ГУЛАПЧЕВ, Спиро Константинов

ГУЛАПЧЕВ, Спиро Константинов (Лерин, 12. Ⅵ 1856 – Софија, 1918) – национален и просветен деец, „сиромахомилец“, публицист и издавач, македонски сепаратист и федералист. Неговиот татко бил свештеник и учесник во борбите за самостојна македонска црква. Првин се школувал во Цариград, Одрин и Пловдив како егзархиски стипендист, а потоа учел во Духовната академија (1877–1879) и студирал на Правниот факултет во Москва (1879-1881) и на Историско-филолошкиот факултет во Киев (1881– 1886). Во Киев бил иницијатор за формирањето на Пријателска дружина за унапредувањето на бугарската книжнина во Македонија (1883). Поради врските со тајни народнички групи во Украина, бил екстерниран од Русија, по што кратко време бил наставник во Лерин, каде што отво-Спиро Гулапчев рил и книжарница, а потоа бил професор во гимназиите во Габрово (1887/1888), Варна (март– септември 1888) и Трново (1888/1889). Се занимавал со публицистика и издавачка дејност. Во неговата новоотворена печатница во Русе (1890) издавал книги со анархистичка содржина. Бил обвинет за македонски национален сепаратизам. Поради несогласувања со погледите на Д. Благоев и Н. Габровски, го уништил отпечатениот тираж на општествено-литературниот зборник „Ново време“ (1891). Во неговата печатница Коста шахов го печател в. „Македонија“ (Русе, 20. И– 8. Ⅵ 1902), од кој се објавени 4 броја. Се залагал за мир и за федеративно уредување на Балканот, со Македонија како посебна државна единица и за примена на фонетскиот принцип во еден македонизиран јазик. БИБ.: Един расказ: Дедо Стоян (Има ли ум, çе има и напред„к), Киев, 1885; Един огл‹д по етнограф˜ята на Македон˜я, Габрово, 1887. ЛИТ.: Кр. шарова, Идейният п„т на Спиро Гулабчев, „Известия на Институтот за история“, т. 11, София, 1962; Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874-1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 73 и 723-725; истиот, Портрети од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 1989, 416 и 538. С. Мл.