ГРУНЕВСКА, Бојана Асенова

ГРУНЕВСКА, Бојана Асенова (с.Рајчиловци, Босилеградско, Србија, 28. IX 1926) – инфектолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1985). Студирала на Мед. ф.во Софија, а дипломирала во Инсбрук, Австрија (1954). Како припадник на напредната младина, учествувала во повоената изградба на земјата и била активно вклучена во самоуправните органи. Специјализирала инфектологија (1962) и од 1983 г. била директор на Инфективната клиника во Скопје. Н. П.-Ј. ГРУПА БАТАЛЈОНИ НА Гш НА НОВ И ПОМ. Во средината на октомври 1943 г. била извршена реорганизација на единиците на слободната територија, при тоа биле формирани две засилени групи баталјони под непосредна команда на Гш. Во Првата група влегувале: НО баталјон „Мирче Ацев”, Кичевскиот младински баталјон и една чета со придружни орудија (четири минофрлачи и четири митралези). Во Втората група баталјони влегле два косовски баталјона („Боро Вукмировиќ” и „Рамиз Садику”), една чета на придружни орудија (со по четири минофрлачи и митралези), Дебарскиот младински баталјон, Кичевскиот (шиптарски) баталјон и една батерија со топови од 47 мм. Двете групи баталјони учествувале во борбите при второто ослободување на Кичево (1–9. XI 1943). На 11. XI 1943 г. од нив била формирана Првата македонско-косовска бригада. На 23. Ⅻ 1943 г. била извршена нова реорганизација на единиците – од осум баталјони биле формирани три баталјонски ударни групи. Во Првата група влегле два македонски и еден косовски баталјон, во Втората два македонски, еден косовски и баталјонот „Христо Ботев” (составен од бугарски војници што поминале на страната на НОВ), во Третата влегле баталјоните „Стеван Наумов” и „Христо Ботев” (префрлен од втората група). Трите групи баталјони учествувале во зимските операции во реонот на Кожуф и Тиквеш. Во јануари 1944 било извршено ново прегрупирање и биле формирани три оперативни групи со свои воено-политички раководства. Во Првата група влегле Македонско-косовската НО бригада, со комесарот и заменикот на командантот на Гш на НОВ и ПОМ, членови на Британската воена мисија и придружни единици. Втората група ја сочинувала Втората македонска НО бригада, Третата група ја сочинувале баталјоните „Стеван Наумов” и „Христо Ботев”, со Гш на НОВ и ПОМ и со ЦК на КПМ. ЛИТ.: Михаило Апостолски, Фебруарски поход, Београд, 1963, 90–100. В. Ст. Асен Групче