ГРАДЕЦ два, Градиште

ГРАДЕЦ два, Градиште – мала доцноантичка и средновековна тврдина на врвот од доминантниот рид на северозападната периферија на селото. Била голема приближно 125 х 95 м. На тесната долга акропола се наоѓаат остатоци од најмалку три правоаголни простории. На јужниот крај од средната тераса се гледаат темели од една просторија, додека на најдолната обиколна тераса има низа од повеќе правоаголни простории, веројатно од Ⅵ в. Евидентирани се површински наоди на бронзени монети од Ⅳ в., на Јустин Ⅱ од Ⅵ в., средновековна византиска монета од типот уранискос (Ⅻ–XI–Ⅱ в.), како и средновековна мамуза. ЛИТ.: В. Лилчиќ, Походот на Персеј на Ускана, МакНас, 14, Скопје, 2000, 24; И. Микулцик, Спатантике унд фрухбѕзантинисцхе Бефестигунген ин Нордмакедониен, Мüнцхен, 2002, Но. 394 Градец 453. В. Л.