ГОЛ ЧОВЕК

ГОЛ ЧОВЕК . (Арбутус андрацхне Л., фам. Ерицацеае) – зимзелен вид од источниот Медитеран, во Република Македонијазастапен само на два локалитета (во сливовите на Коњска и на Црна Река). Грмушка или мало дрво со кожести, темнозелени, овални листови. Кората се лупи во вид на крупни лушпи (голо дрво), а новата е мазна, бакарноцрвена. Цветовите се мали, бледожолти. Плодовите се црвени, топчести бобинки. Многу декоративен вид. Ал. Анд. Сотир Голабовски