ГЕОРГИЕВСКИ, Благоја

ГЕОРГИЕВСКИ, Благоја (Скопје, 15. Ⅹ 1950) – правник, кошаркар. Завршил Правен факултет во Скопје (1980). Истакнат кошаркар на КК „Работнички” во Скопје (1967–1984). Младински и сениорски репрезентативец на Југославија, со голем број одиграни натпревари. Освоил 3 златни медали на Балканските првенства – во Риека (1970), Сараево (1972) и Солун (1975); 2 златни на Медитеранските игри – во Измир (Турција, 1971) и Алжир (1975); сребрен на Европското првенство во Есен (Германија, 1974) и на Олимписките игри во Монтреал (Канада, 1976). Настапил на Универзитетските игри во Торино (Италија, 1970) и на Олимписките игри во Минхен (Германија, 1972). Избран за најдобар спортист на Македонија (1971). Д. С.