ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА СРМ

ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА СРМ – институција формирана како Геолошки завод со решение на Президиумот на АСНОМ (15. Ⅻ 1944 г.). Потоа е основан Геолошкиот институт со главна дејност: изработка на геолошки карти, ис-тражување на минералните суровини и нивна подготовка за експлоатација. Во 1950 г. е регистриран како Завод за геолошки истражувања на НРМ и од 1962 му е Зградата на Геолошкот завод во Скопје признаен статус на научна установа. Подоцна, како Геолошки завод на СРМ, се проширил со оператива за дупчење, консолидација и за рударење. Така проширен, Геолошкиот завод станал главна институција за геолошко-рударските истражувања во Македонија. Меѓу најзначајните реализирани проекти се: изработката на Основната геолошка карта на СФРЈ 1:100.000 за Македонија; откривање на олово-цинкови руди за отворање на рудниците Саса и Тораница и за проширување на Злетово, бакарно-златни руди (Бучим), железни руди (Дамјан, Тајмиште, Демир Хисар, Пехчево), учество во изградбата на вештачките водни акумулации (шпилје, Глобочица, Возарци, Калиманци и др.). Со општествените промени во Македонија, Геолошкиот завод се расформира (1991–92) и веќе не постои како таква институција. Н. Дум.