ВОШКИ, ПТИЧЈИ

ВОШКИ, ПТИЧЈИ (Маллопхага) – ситни сплеснати инсекти без крилја. Достигнуваат големина од 1 до 3 мм. Се хранат со кожни лушпи, секрети од лојни жлезди, перја и влакна од птици. Целиот животен циклус се одвива на телото на домаќинот. Познати се околу 4.000 видови од овој ред, кои се сапрофаги на птиците и на цицачите. Во Македонија попознати видови се: Тринотум луридум – паразитира на пат-ките; Липеурус бацулус Нитзсцх – паразитира на гулабите; Трицходецтес латус Нитзсцх – паразитира на кучето. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.