ВЛАСИЈ ЕПИСКОП СЕВАСТИСКИ, СВ

„ВЛАСИЈ ЕПИСКОП СЕВАСТИСКИ, СВ.” – убицирани остатоци од храмот на западната падина на ридот Исар во Штип. Црквата „Св. Власиј епископ севастиски“ се спомнува во старите извори и во литературата. Нејзин ктитор бил челникот Станислав, кој во 1377 г. ја приложил на светогорскиот манастир Хиландар. ЛИТ.: В. Петковић, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972. К. Б.