ВИДИЧЕВСКИ, Видое

ВИДИЧЕВСКИ, Видое (Охрид, 8. Ⅰ 1931) – поет, раскажувач, романсиер, драмски писател. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Домот на културата „Григор Прличев” во Охрид. Негова главна инспирација е родниот град со неговите специфики и питорескност. Во поезијата е спонтан и воодушевен лиричар. БИБ.: Сини питоми утрини, поезија, Ск., 1959; Големата шума, роман, И и Ⅱ дел, Ск., 1986; Заробеници на вечерните игри, раскази, Ск., 1993; Времето на црвените рози, роман, Ск., 1994; Песни за потопот, поезија, Ск., 2000; Приказни за Дамјан, раскази за деца, Ск., 2000; Кажување на задоцнетиот пророк, поезија, Ск., 2003. ЛИТ.: М. Матевски, Пред вечерниот пејзаж на градот, во Избрани дела, 6 том (2006). П. Гил.