ВЕЉКОВИЌ, Драгослав

ВЕЉКОВИЌ, Драгослав (с. Мала Крушевица, Србија, 5. Ⅵ 1910 – Скопје, 27. Ⅲ 1997) – учител и педагог. Живее во Македонија од 1938 г. како учител во с. Бучин, Крушевско. Припаѓа на напредното учителско движење што се борело за националните и социјалните права на обесправените народи во тогашна Југославија. По завршувањето на Филозофскиот факултет (педагогија) во Скопје во првата повоена генерација студенти, работи во Министерството за просвета на Македонија и во Републичкиот завод за унапредување на воспитанието и образованието (помошник-директор). Од 1961 г., како хонорарен предавач, ја изведува наставата по педагогија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Има објавено повеќе од 100 стручни и научни прилози и книгата „Животот и образованието” (1996). ЛИТ.: Д. Вељковиќ, Животот и образованието (Белешка за авторот), Скопје, 1996. К. Камб. Херман Вендел