ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос

ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос (Мурниес, Крит, 23. Ⅷ 1864 – Париз, 18. Ⅲ 1936) – студирал право на Атинскиот универзитет, активно учествувал во Критското востание (1897) и на Критското собрание. Барал обединување со Грција, каде преминал и се вклучил во политичкиот живот. Во 1910 г. бил претседател на Владата на Грција. За време на Балканските војни ја реализирал програмата за „Голема Грција“, со окупацијата и анексијата на Егејскиот дел на Македонија. На Версајската мировна конференција (1919) издејствувал клаузула во Мировниот договор со Бугарија за размена на малцинствата. Со вбројување на македонското (мнозинско) население во бугарско малцинство, Грција спровела етничко чистење на анектираниот дел на Македонија. По војната останал во политичкиот живот. Пред крајот на животот емигрирал во Франција (1935), каде и починал. ЛИТ.: Томас Галлант, Модерн Грееце, Лондон, 2001; Андрењ Россос, Тхе Бритисх Фореигн Оффице анд Мацедониан натионал идентитѕ, Славиц Ревиењ, Америцан Љуартерлѕ оф Руссиан, Еуроасиан анд Еаст Еуропеан студиес, в. 53, Н. 2, Суммер 1994. Д. Јов.