ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ“ – бугарска женска младинска организација на „Бранник“ (1941–1944) со дејност во училиштата во Македонија. Учествувала во сите организирани прослави и други манифестации со бугарска национална содржина. Била профашистички ориентирана, а кон македонскиот народ имала негаторски однос, претставувајќи го како дел од бугарскиот. Се распаднала во септември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Бугарската фашистичка организација Бранник во Македонија 1941–1944 година, Скопје, 1992. Ѓ. Малк.