ВЕЛЕШКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

ВЕЛЕШКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија – се спомнува во ⅩⅤⅠ в. во состав на Пелагониската митрополија, која имала епископи и во Прилеп и во Велес. Во ⅩⅤⅠⅠ в. се издвоила од Пелагониската митрополија и била директно под Охридската архиепископија. По основањето на Бугарската егзархија била во нејзиниот состав со епископ во Велес, а потоа станала дел од Велешко-дебарската епархија. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Илија Велев, Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Скопје, 1990; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр.