ВЕЛЕС

ВЕЛЕС (ВОЛОС) – древен словенски пагански бог, заштитник на добитокот, но според некои ис-тражувачи покровител на трговијата и богатството или на подземниот свет. Се претпоставува дека првобитното потекло било од култот кон бикот или дека бил божество – мечка. Неговиот култ се поврзува и со Св. Власиј, заштитникот на добитокот, како и со потеклото на името на градот Велес и с. Велестово, Охридско. ЛИТ.: Сонја Зоговиќ, Перун и Волос и нјихови индоевропски пандани Индра и Рудра, „Етноантрополошки проблеми”, св. 8, Београд, 1990, 79–99; Соња Зоговиќ, Велес, „Речник на народната митологија на Македонците”, ПрилепСкопје, 2000, 86–88. С. Мл.