ВЕЛБУЖДСКА БИТКА

ВЕЛБУЖДСКА БИТКА (28. Ⅶ 1330) – битка помеѓу бугарската војска, предводена од царот Ми-хаил шишман и српската војска на чело со кралот Стефан Дечански. Бугарите, во договор со Византија, ја нападнале Србија од исток. Решавачката битка се одиграла северно од Велбужд (ден. ќустендил) кај р. Каменча (ден. Соволштица). Текот на битката не е познат. Бугарската војска била разбиена, а во битката загинал и царот Михаил шишман. Битката кај Велбужд го оз-начила почетокот на српската хегемонија на Балканскиот Полуостров. Од српска страна во битката особено се истакнал синот на српскиот крал младиот Стефан Душан. ЛИТ.: С. Станојевић, Битка код Велбужда, „Братство“, ЏЏИВ (1930). К. Аџ.