ВЕЗЕНКОВ, Владимир Стојановшичќ

ВЕЗЕНКОВ, Владимир Стојановшичќ (Крушево, 1866 – Софија, 18. Х 1933) – син на Стојан Везенков, студент во Москва со стипендија од Московското словенско друштво, руски офицер, како потпоручник учествува во Српскобугарската војна (1885), а како шесмесечен доброволец во Првата балканска војна е командир на Х прилепска дружина во бригадата на полк. Протогеров, којашто го запленува Јавер-паша и ја зазема Ѓумурџина (1912–1913). Автор е на статии и на поголем број воени прирачници и посебна книга за Македонија. Офицер на Првиот лејбгренадирски екатеринославски полк во Кремљ и редовен член на Словенското спомагателно друштво во Москва. На „дружеска беседа” држи предавање „За Македонија” (23. Ⅰ 1902); „делегација на Друштвото составена од неговите членови В. С. Везенков (Македонец), Тилев (Бугарин) и Кастратовиќ (Србин) во Троице-Сергиевата лавра положува раскошен венец на гробот на И. С. Аксаков” (27. Ⅰ 1902); член на Комисијата на Друштвото за организирање вечери, читања и предавања и член на Комисијата за проучување на македонското прашање и за помош на востанатите Македонци (31. Х 1902); добива задача за пишување брошура со илустрации за ѕверствата во Македонија и испраќање статии по весниците (28. XI 1902). Во соработка со ТМОК во С.-Петербург прави подготовки за издавање „Литературно-художествен зборник во полза на Македонците”. По Октомвриската револуција емигрира со семејството во Бугарија, но наскоро останува сам, без работа и основна егзистенција. Повремено подработува во Географскиот институт во Софија и во Одделот за воени споменици, гробови и музеи при Военото министерство, како и во Рилскиот манастир. Умира беден, самотен и сосем заборавен. БИБ.: Служба русскаго солдата. По посл‹днимъ уставнìмъ требованиямъ. Собралъ ротнìй Командиръ Кап. Везенковъ, Москва, 1907 шсо библиогрфија на 11 други негови воени прирачници, 1889-1907ќ; Македония и причинì Балканской войнì, Москва, 1913; Õнвер-бей подъ шаркÝоемъ. Сражения съ 21-го по 29-е января 1913 года.(Воспоминания русскаго доброволÝца),„Военнìй сборникъ”, годъ 57, № 6, СПб., 1914, 87-98 и № 7, 93-108. ИЗВ.: Слвянское спомагателÝное Об-Èество въ Москве. Отчетъ за 1902 годъ, Москва, 1903; ГА РФ, Москва, ф. 579, оп. 1, д. 1685. ЛИТ.: Г. В., Полковникъ Владимиръ Ст. Везенковъ командиръ на 10-та Прилепска дружина, „Бългрски доброволецъ”, Ⅵ, 2 и 3, София, 1940, 10-11; Д-р Блаже Ристовски, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, И, Скопје, 1993, 286-290. Бл. Р.