БУЦЕВСКИ, Милош

БУЦЕВСКИ, Милош (Скопје, 27. Ⅲ 1945) – економски техничар, атлетичар. Го завршил Средното економско училиште „Борис Кидрич” во Скопје (1966). Бил член на Атлетскиот клуб „Вардар” во Скопје. Бил репрезентативец на Македонија и на Југославија. На Европското првенство за младинци во Одеса (1966) освоил бронзен медал во штафета 4 х 400 м. Поставил македонски рекорди на: 100, 200, 400, 4 х 100 и 4 х 400 м и југословенски во штафети: 4 Ⅹ 100 и 4 џ 400 м. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1966). З. Р.