БУНЕВА, Мара

БУНЕВА, Мара (Тетово, 1901 – Скопје, 15. Ⅰ 1928) – атентаторка на ВМРО. По Првата светска војна заедно со семејството емигрирала во Бугарија и стапила во ВМРО на В. Михајлов. Се вратила во Тетово (1926), и во Скопје, извршила атентат (кај Камениот мост) над полицискиот чиновник Велимир Прелиќ (13. Ⅰ 1928), жесток иследник на уапсените членови на ММТРО. По атентатот се фрлила во р. Вардар, по два дена починала во Скопската болница. Мара БуневаЛИТ.: ЛÓдмил Петров, Подвиг и саможъртва, „Военнисторически сборник“, 4, София, 1991; Иванъ Михайловъ, Спомени, Ⅲ. Освободителна борба 1924–1934, Лоу-ваин, 1967. З. Тод.