БУДИЛОВИЧ, Антон Семјонович

БУДИЛОВИЧ, Антон Семјонович (с. Комотово, Гродненска губ., Русија, 24. Ⅴ / 5. Ⅵ 1846 – С.-Петербург, 12/25. Ⅻ 1908) – историчар, филолог, публицист, унив. професор, словенофил. Го завршил Историско-филолошкиот факултет на С.-Петербуршкиот универзитет (1863–1867), магистрирал (1871) и бил на студиски престој за проучување на словенските наречја, литературата и етнографијата на словенските области во Германија, Австро-Унгарија, Романија, Србија, Црна Гора и Европска Турција (1872–1875). Професор е во Институтот на кнезот Безборотко во Нежин (1875–1881), а потоа предавал руски и црковнословенски јазик на Универзитетот и станува декан на Историско-филолошкиот ф-т во Варшава (1881–1882). Избран е за член на РАН (1882), а потоа и на други словенски академии. Станува ректор на Универзитетот во Тарту и ја води Катедрата за споредбена граматика на словенските наречја (1892–1901). Како професор на С.-Петербуршкиот универзитет, станува член на Советот на Министерството за просвета и член на повеќе научни и словенофилски друштва. Редактор е на „Славянское обозрение”, „Московские ведомости” и соработник на голем број весници и списанија. Како потпретседател на Советот на СПБСБД, на 15. XI 1902 г. дава позитивно, но доста резервирано мислење за Програмата (од 12. XI 1902) на тогаш основаното МНЛД: „… проектов за постепено постигнување словенско единство во Македонија би можел да претставува благодарна задача за македонско-словенската публицистика, но во реализирањето на овој проект Русија одвај ли би можела да земе какво и да е учество. Таквите еволуциони процеси, како што е образувањето литературен дијалект врз основа на обединувањето на говорите, обично се продолжуваат десетици години, ако не и векови, а Македонија одвај ли има пред себе толку продолжителен рок за мирен развиток… Но не можеме да не се согласиме дека за Македонија треба привремено да се создаде положба на автономна провинција, без предрешување на прашањето за судбината на националните ш…ќ групи во неа. Само со таква привремена состојба може за извесно време да се неутрализираат претензиите спрема неа од страна на соседните држави, особено од Бугарија, Србија, Грција…”. Како приврзаник на идејата за општословенски јазик (рускиот) и на панславизмот, тој е за автономија на Македонија, но не и за посебна македонска нација и јазик. БИБ.: По вопросу объ автономии слав-янскихъ областей Европейской Турции, „Гражданинъ”, 41–42, СПб., 1876; О литературномъ единств‹ народовъ славянскаго племени, „Славянскиј Сборникъ”, Ⅱ/3, СПб., 1877, 1–15; Историко-политическия зам‹тки по вопросамъ Болгарскому и ÕлÝзасъ-Лотарингскому, Варшава, 1887; Къ вопросу объ обÈемъ язÎк‹ слав-янъ, „Варшавскиј Дневникъ”, № 167, 1888; ОбÈеславянский язÎкъ въ ряду другихъ обÈихъ язÎковъ древней и новой ЕвропÎ, И, Варшава, 1892; Образование литературнÎхъ язÎковъ и ихъ значение въ истории, „Учения записки Имп. арйевскаго университета”, № 2, Арйевъ, 1893, 71–78; Значение Македонии въ судÏбахъ греко-славянскаго мира, „Изв‹стия СПБСБО”, № 1, СПб., окт. 1903, 5–21; Въ чемъ заклÓча-Óтся главния трудности Македонскаго вопроса, „Изв‹стия СПБСБО”, № 5, 1903, 2–10. ЛИТ.: НовÎй сборникъ статей по славянов‹д‹ниÓ. Составленния и изданния учениками В. И. Ламанскаго, СПб., 1905, Ⅶ–ⅩⅤⅠ; Славяноведение в дореволÓционной России. Биобиблиографическуий словарÝ, М., 1979, 86–88; Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–19440) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 190. Бл. Р. Драгољуб Будимовски