БРЕГАЛНИЦА

БРЕГАЛНИЦА – река, лева притока на Вардар. Извира во западните падини на Малешевските Планини, под врвот Ченгино Кале, на височина од 1.720 м, а во Вардар се слива на височина од 137 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 225 км, има вкупен пад од 1.583 м, со просечен пад од 7,04‰. Сливот зафаќа по2 вршина од 4.307 км . Од изворот до вливот по должината на својот тек р. Брегалница прима 23 поголеми и помали притоки чија должина е поголема од 10 км. Долината на реката има композитен карактер. Од изворот до Малешевската Котлина има планински карактер, а потоа до Разловечката Клисура тече како рамничарска река, од Разловечка Клисура (19,1 км) навлегува во Пијанечката Котлина, а од вливот на Очипалска Река до влезот во Кочанската Котлина тече низ познатата Истибањска Клисура (39 км), потоа низ Кочанската Котлина, а кај с. Крупиште изградила кратка сатеска, додека низводно од Штип до вливот во р. Вардар долината има меандриски карактер. Средногодишниот протек кај водомерната станица Очи Пале е 3,9 33 м /сец, а кај Штип е 12,21 м /сец. ЛИТ.: Миловој Гашевски, „Географски разгледи”, кн. 17, Скопје, 1979; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија , ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.