БРАШНАРОВ, Христо

БРАШНАРОВ, Христо (Прилеп, 27. Ⅻ 1918) – гинеколог, акушер, учесник во НОБ. Мед. ф. во Бел-град го завршил во 1946 г. Работел во Битола и во Скопје (1947), каде што специјализирал гинекологија (1952) и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 г. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде што бил началник на Диспанзерот за жени во поликлиниката „Центар”. П. Б.