БРАНЃОЛИЦА, Љубомир

БРАНЃОЛИЦА, Љубомир (Херцег Нови, Црна Гора, 19. Ⅷ вее во Македонија. Бил корепетитор во Балетот при МНТ и музички продуцент во МРТ. Се пројавувал и како пијанист и балетски критичар. Неговото творештво им припаѓа на повеќе жанрови (класична, поп-музиката итн.), а во него се застапени повеќе музички форми. Стилски тоа може да се класификува во т.н. еклектицизам на ⅩⅩ век, значи, најдобро може да се опише со помош на префиксите „нео” (неокласицизам, неоромантизам…). Главен бе-лег му даваат неговите балети, концертантни композиции, оркестарски дела, како и творбите што $ припаѓаат на популарната музика. Автор е на музика за голем број театарски претстави, телевизски серии и филмови. Голем дел од неговиот творечки опус спаѓа во подрачјето на популарната музика (130 популарни, 60 детски песни и творби за танцов и ревиски оркестар). ДЕЛ: 17 балети: Велеградски варијации, 1959; Аболиција, 1965; Карамита, 1974; Дубровничка легенда, 1986; Простувањето со Тања, 1991; Силјан повторно лета, – 2003 и др.; голем број оркестарски и концертни композиции: Концерт за пијано и оркестар, 1991; Концерт за удиралки и оркестар, 2005; Концерт за кларинет, флејта и оркестар, 2006; и др.; две опери; над 200 популарни и детски композиции и др. М. Кол.