БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Киро (Прилеп, 2. XI 1933 – Скопје, 30. Ⅹ 2006) – флејтист. Со музичко образование се здобива во Средното музичко училиште во Скопје и кај Ј. Срејовиќ, во Белград. Долгогодишен прв флејтист на Операта и Балетот на МНТ и прв флејтист на Македонската филхармонија. Како солист настапува на домашниот концертен подиум, во центрите на поранешната СФРЈ и во странство. Б. е еден од најистакнатите македонски инструментални уметници, во чиј репертоар се вклучени најзначајните дела од литературата за флејта, како и повеќе остварувања од домашните автори. Член на Скопскиот дувачки квинтет и соработник на Ансамблот за современа музикаСвета Софија”. Др. О.