БИТКАТА КАЈ ТРАЈАНОВАТА ВРАТА

БИТКАТА КАЈ ТРАЈАНОВАТА ВРАТА (17. Ⅷ 986) – битка помеѓу војската на комитопулите, браќата Самуил и Арон, и византиската војска предводена од императорот Василиј Ⅱ. Се одиграла во теснината кај денешен Ихтиман, близу до Софија. Византијците претрпеле тежок пораз. Загинале голем број војници, а Василиј Ⅱ одвај успеал да се спаси со бегство, оставајќи му ја на непријателот целата комора со царскиот шатор и богатството. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969, 35–36; С. Пириватрић, Самуилова држава, Београд, 1997, 93–94. К. Аџ.