БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова (Прилеп, 12. Ⅻ 1936) – специјалистортодонт, редовен професор на Ст. ф. Средно образование завршила во Струмица, Ст. ф. во Бел-град. Специјалист по ортодонција (1970), хабилитирала (1977) и докторирала (1986). Престојувала во Финска и во Норвешка. Публикувала 82 статии. Научниот интерес $ е фокусиран кон растот и развојот на структурите на краниофацијалниот комплекс. Ја објавила монографијата „Основи на ортодонцијата” (И дел). Е. М.