БАДЕВ, Илија

БАДЕВ, Илија (Кавадарци 17. Ⅶ 1923 – Скопје, 10. Ⅲ 1997) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во 1945 г. дописник на агенцијата Танјуг. Во наредната година преминува во „Нова Македонија” а од 1950 до пензионирањето во 1985 г. во Радио Скопје и Македонската телевизија, како репортер и коментатор. Носител на Партизанска споменица 1941. Б. П. Ѓ.