АЦЕВ, Мирче

АЦЕВ, Мирче (с. Ореовец, Прилепско, 1853 – с. Уланци, Велешко, 20. IX 1901) – прилепски војвода на ТМОРО, брат на македонските војводи Ѓорѓи и Петар Ацеви. Завршил основно училиште. По убиството на татко му од османлиски зулумќари, станал ајдутин во четата на Коне Павлев. Првин бил теренски водич и интендант на четата. Бил уапсен од османлиските власти (1885) и осуден, а казната ја издржувал во солунскиот затвор Беаз Куле. Успеал да избега од затворот и емигрирал во Софија. Обвинет за убиството на Стефан Стамболов, три години бил заточен во т.н. Црна џамија во Софија. По излегувањето од затвор (1899) ликвидирал неколку народни зулумќари во Прилепско и потоа пак емигрирал во Бугарија. Од таму излегол како војвода на чета на ТМОРО во Неврокопско (ден. Гоцеделчевско), Пиринскиот дел на Македонија (1899). На Пирин водел две борби против османлиската потера, едната на Папаз-чаир, по што заминал за Прилепско. Подоцна пак се вратил во Неврокопско (1901). По предавство, четата била опколена од османлиската војска и по тешко ранување, починал. ЛИТ.: Войвода Мирче Ацев, „Македони®”, Но 3, Софи®, 1903, 13-15. С. Мл. Мирче Ацев