АХМЕТИ, Линдита Џабир

АХМЕТИ, Линдита Џабир (Линдита Џхабир Ахмети) (Призрен, 1974) – поетеса. По завршувањето на основното училиште (1986) и гимназијата во Тетово, од 1998 г. студирала на Групата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Живее и работи во Скопје. БИБ.: Малина и блуз, 1993; Островот Адулар, 1996; Камена месечина, 1998; Божилак, 2000; Син сон, 2002. Н. С.