АРЕВ, Илија

АРЕВ, Илија (Штип, 3. XI 1914 – Штип, 12. Ⅰ 1977) – актер и режисер на Народниот театар од Штип. Беше повеќе пати управник на театарот и еден од неговите основачи. Улоги: Јеротие Народниот театар во Штип („Сомнително лице”), Аџи Трајко („Бегалка”), Чибуткин („Три сестри”), Војницки („Вујко Вања”) и др. Режии: „Татко”, „Македонска крвава свадба”, „Стапица за беспомошниот човек” и др. Р. Ст.