АПРИЛСКАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА

АПРИЛСКАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА (6-17. Ⅳ 1941). При фашистичката агресија во Втората светска војна, германската војска навлегла во Македонија од правците на ќустендил–КумановоСкопје, Горна Џумаја–Царево Село (Делчево)–Штип и ПетричСтрумица, а авиони ги бомбардирале Скопје, Куманово, Штип, Велес, Битола и позначајните мостови и тунели по комуникацијата СкопјеСолун. Југословенската војска најсериозен отпор покажала на фронтот кон Албанија, од каде што напад вршела италијанската дивизија „Фиренце”. Германските сили со офанзивни дејства $ задале решавачки удар на југословенската војска (6–10. ИВ), ги зазеле виталните објекти (11–17. ИВ) и ја приморале југословенската влада да потпише безусловна капитулација (17. ИВ). Македонија била поделена помеѓу Италија и Бугарија. Бугарските акциони комитети (формирани од 13 април) се активирале да ја претстават бугарската окупација како ослободување и обединување. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, 5, ИНИ, Скопје, 2003. В. Ст.