АНЧЕВ, Тихомир

АНЧЕВ, Тихомир (Скопје, 15. Ⅴ 1915 – Скопје, 19. Ⅴ 1987) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Основно и средно образование завршува во Скопје. Се запишува на Земјоделскиот факултет во Загреб на кој и дипломира. По основањето на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947) тој се вработува (1. IX 1948) и работи сћ до пензионирањето (31. Ⅻ 1980). За свое усовршување престојува во неколку европски земји (Италија, Холандија и Чехословачка). На Земјоделскиот факултет предавал повеќе предмети: специјално поледелство; поледелство; поледелство со фуражно производство; зрнести и клубенести култури. Како автор или коавтор има публикувано повеќе научни и стручни трудови од областа на земјоделството. Автор е и на привремен учебник по фуражно производство. П. Ив. Александар Анчевски